https://www.facebook.com/share/p/1D5SpYpSZH
На ден 18.10.2023 во просториите на нашето училиште се спроведе првата активност од проектот „Позитивна дисциплина во европските училишта”.
Активноста го носеше насловот „Сведоштва за Позитивна дисциплина” и на неа зедоа учество:
– Кристел Шарвие, учителка, Екол Еден во Швајцарија
– Есмат Ламеи, директор, меѓународно училиште, Оазис
– Јахја Усама Самир Абделгафар, студент, Оаза, меѓународно училиште
– Мајкл Мур, директор на Средно меѓународно училиште, Стокхолм
Потоа следеа кратки презентации од училиштата учеснички:
– Бугарија – Франција – Унгарија – Македонија – Полска – Португалија
Кратко резиме на проектот (Координатор училиште HU)
Кратко резиме на Планот за истражување
Кратка презентација на Позитивна дисциплина и некои практични алатки
На online работилницата присуствуваа наставници од нашето училиште, педагошко-психолошката служба и претставници од родителите.