https://www.facebook.com/photo/?fbid=880310263896653&set=pcb.880311457229867
Втората мобилност за координатори и наставници вклучени во проектот “ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА ВО ЕВРОПСКИТЕ УЧИЛИШТА” се одржа во период од 15 до 18 април 2024 година во основното училиште 107 “Хан Крум” во Софија, Бугарија.
На мобилноста активно се работеше на анализа на спроведените активности и планирање на следните проектни активности. Нашиот тим го посети училиштето и имаше можност да присуствува на отворен час по предметот Информатика (Програмирање) со ученици од III одделение. Активностите и работилниците поврзани со проектот се одвиваа во следните три дена.
Дисеминацијата на мобилноста во Бугарија ќе се изврши утре – Петок 26.04.2024, во просториите на наставничката канцеларија во 12:00 часот.
Сите заинтересирани наставници можат да дојдат и да присуствуваат на дисеминацијата.