https://www.facebook.com/photo/?fbid=1223283929599283&set=pcb.1223284356265907
Во периодот од 25-28 август три наставнички од нашето училиште беа учесници на Конференцијата за Позитивна дисциплина која се одржа во Мако, Унгарија.
Имено ова беше последната активност од Еразмус+ проектот „Позитивна дисциплина во европските училишта“ кој се спроведуваше во текот на изминатите две години во нашето училиште.
На Конференцијата беа презентирани продукти од проектот и резултатите од спроведените активности во овие две изминати години.
Конференцијата се пренесуваше во целост на платформата ZOOM и имаше симултан превод на македонски јазик со цел целиот наставен кадар во училиштето да може да ја следи.
Нашето училиште секогаш се залага за позитивна атмосфера и позитивни резултати како на нашите ученици така и на нашиот наставен кадар.
Горди сме што имаме наставници кои се грижат не само за образовната туку и за воспитната компонента во училиштето
Повеќе за Конференција можете да видите и на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=QDQBErD4sow